Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мексиканските нарко дилери му се смеат на Трамп

Мексиканските нарко дилери му се смеат на Трамп

Мексиканските нарко дилери воопшто не се загрижени од најавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе изгради огромен ѕид долж границата и дека за истиот ќе плати Мексико со цел да се спречи трговијата со дрога и шверцот на мигранти.

На прашањето дали евентуалната изградба на ѕидот на границата ќе го сопре криумчарењето на дрога, мексиканскиот дилер познат како Флако само се насмеал: 

„Ова никогаш нема да престане, ниту криумчарењето на дрога, ниту пак илегалците. Ќе има повеќе дупки, повеќе тунели. Ако не можеме од горе, ќе се пробиеме од долу“.

Идејата за ѕидот на границата ги налути мексиканските граѓани кои сметаат дека чесно си го заработуваат лебот во САД вршејќи ги најтешките работни задачи, а со тие пари ги издржуваат своите семејства. 

Тие се навредени што Трамп сите го стави во една група како убијци, силувачи, насилници и дилери на дрога. Секако, мексиканската влада не ни помислува да даде пезос за плаќање на изградбата на замислениот ѕид.


Слично

Поврзани вести