Mексиканската влада ќе инвестира околу 100 милијарди долари во инфраструктурата
Bо следните пет години, мексиканската влада објави дека ќе инвестира околу 100 милијарди долари во железнички пруги, патишта и пристаништа, вклучувајќи ја и изградбата на првата брза железница.
Претседателот на Мексико Енрике Пења Нијето рече дека ќе бидат изградени околу 580 км брзи пруги. Една брза линија ќе ги поврзе двата краја на полуостровот Јукатан.
Мексико пред повеќе од десет години го укина редовниот патнички железнички транспорт, но сега сака повторно да го покрене.
Мексиканската влада планира да изгради или модернизира четири аеродроми, седум пристаништата и околу 5410 километри на автопати.
Слично

