Мексиканците се мобилизираат за бојкот на американски производи
Мексиканците започнаа кампања на социјалните мрежи со повици за откажување од употребата на производи од САД.
Ова се презема со цел одговор на дејствијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој стана познат по својата антимексиканска реторика уште за време на предизборната кампања. Акцијата почнала со ставање на хаштаг #AdiosStarbucks, а потоа кон него се додадени и други американски компании - Walmart, McDonalds, Ford, KFC, Costco и Home Depot и други.
Иницијаторите ги повикуваат Мексиканците да купуваат домашни производи. Но, скептичните корисници на социјалните мрежи забележуваат дека голем дел од наведените брендови имаат индиректна врска со САД, бидејќи работат на територијата на Мексико преку локалните компании и ги користат домашните суровини. На пример McDonalds користи месо купено од локалните производители.
