Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мекeјн: Путин е погoлема закана од „Исламска држава“

Мекeјн: Путин е погoлема закана од „Исламска држава“

Американскиот сенатор,  Џон Мекeјн изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е поголема закана за безбедноста во светот од милитантите на „Исламската држава“. 

Тој побара проширување на санкциите врз Москва поради обвинувањата за мешање во американските претседателски избори.

„Мислам дека ИД може да направи страшни работи и загрижен сум многу за она што се случува со муслиманската вера и за сите работи во врска со тоа. Но Русите се тие кои се обидуваат да го уништат најосновното во демократијата, а тоа менување на исходот од американските избори“- вели тој.

Вели  дека иако засега нема докази дека Русија успеала да го смени резултатот на изборите во САД, Кремљ се обидувал да влијае врз избори и во други земји, како на пример Франција.

Слично

Поврзани вести