Мекдоналдс затвора 40% од своите капацитети во оваа земја
Американскиот синџир на брза храна Мекдоналдс ќе затвори 169 ресторани во Индија, 40 отсто од рестораните во земјата, во чекор кој ги ескалира тензиите помеѓу компанијата и локален партнер, а тоа може да остави илјадници луѓе да останат без работа.
Специфичната причина е дека франшизниот партнер Connaught Plaza Restaurants Pvt Ltd (CPRL) го прекршил договорот, соопшти компанијата, цитирана од Ројтерс.
Овој изненадувачки чекор крие опасност сериозно да ги намали пазарните удели на брендот во ветувачки сектор, но во исто време на силна конкуренција, забележува AFP.
Повеќето ресторани на McDonald's во Делхи веќе беа затворени пред два месеци поради битката меѓу гигантот во брза храна и неговиот индиски партнер Викрам Бакши. Овие објекти беа дел од заедничко вложување со еднакви удели CPRL.
Принудени бевме (да ставиме крај на партнерството), бидејќи CPRL ги наруши условите на франшизните договори поврзани со активностите на засегнатите институции, објави McDonald's India.
До 15 дена сите ресторани на McDonald's кои ги држи CPRL, ќе треба да бидат затворени. Дејноста на управуваните од други филијали нема да биде засегната, се прецизира во соопштението.
Пред Ројтерс Бакши појаснува дека одлуката на Американците е "голем шок", а неговата компанија ги разгледува сите законски опции.
Чекорот на McDonald's India следува по долг судски спор со CPRL, кој започна во 2013 година, кога McDonald's изјави дека мандатот на Бакши како извршен директор е завршен - решение кое менаџерот го оспорува во судот.
"Тие го направија, бидејќи McDonald's помисли дека г-дин Бакши е вмешан во неправилни активности, па да се ослободат од него", вели Еј. Си. Чадниок, адвокат кој го застапува Бакши, кој додава дека неговиот клиент ги негира сите обвинувања.
Капацитетите во северниот и источниот дел на Индија под франшиза на McDonalds-CPRL имаат повеќе од 6 500 директни вработени и многу недиректни, вели Мадрурима Бакши, член на одборот на CPRL.
„Сите овие ресторани ќе треба да престанат да го користат името на McDonald's, трговските марки, дизајнот, брендот и рецептите во рок од 15 дена по објавувањето на одлуката", појаснуваат од McDonalds. Синџирот сепак додава дека останува посветен на северниот и источниот дел на Индија и почнува да бара нов партнер.
"Ќе биде потребно време за да ја доведеме сегашната ситуација до конечна одлука", појаснуваат уште од McDonald's.
