Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мекдоналдс најавува нови 3000 вработувања, Италијанците лути!

Мекдоналдс најавува нови 3000 вработувања, Италијанците лути!
Иако стапката на невработеност во Италија е околу 11 отсто, а економијата е во рецесија од средината на 2011 година, но тоа не го спречува американскиот ланец за брза храна МекДоналдс да го шири својот бизнис во Италија. Всушност, од 2015 година, компанијата планира да отвори 100 нови ресторани. Иако ова значи повеќе работни места, Италијанците не се воодушевени од идејата. Како што пренесуваат медиумите, иако Италијанците сметаат дека со пицата тие го измислиле и целиот концепт за брзата храна, сега Мекдоналдс е во поход да им го преземе пазарот. Сепак се чини, голем бтој Италијанци, пицата ја менуваат за хамбургер од Макдоналдс. „Тоа е поевтино во споредба со пицата или друга храна. Обичен сендвич во Рим чини 2,5  евра, а чисбургерот само едно евро,“, велат Италијанците. Италија се себе тврди дека е главна престолнини на светската кујна и масовни протести беа организирани кога Мекдоналдс го отвори првиот ресторан во центарот на Рим. Но, сега земјата е во рецесија, а Мекдоналдс тоа го гледа како шанса да се прошири. Многу Италијанци беа против него, а дел од нив дури повикуваа на бојкот на ваквите ресторани, потсетуваат италијанските медиуми. Невработеност во земјата е рекордна и можноста да се отворат 3.000 нови работни места е примамлива. Но синдикатите тврдат дека на Италија и е подобро без такви работни места. „Проблемот со кој сакаме да и привлечеме внимание на државата е состојбата на компанијата и квалитетот на тие работни места, не само големиот број. Поточно мислиме на слабите перспективи за младите работници кои ќе добиваат краткорочни договори за работа", објаснува Франк Мартин од Советот на работниците. Сепак, странските инвестиции во Италија се намалија 30 отсто од 2007 година, а  планот на Мекдоналдс да вложи 457 милиони евра тешко може да се одбие.
Слично

Поврзани вести