МЕКА И МЕДИНА, ПЛАЖА ВО ФРАНЦИЈА, ЗООЛОШКИ ГРАДИНИ: Ова се само дел од местата каде селфито е забрането
Локациите на кои е забрането туристите да направат селфи ги има многу, почнувајќи од трката со бикови во Памплона, преку Мека и Медина до метро станици во Јапонија. Ако некој не ја почитува забраната, му следи казна од неколку илјади евра.
Порталот ParrotPrint.com издвоија седум локации во светот на кои селфи е строго забрането.
Селфи е забрането и на годишниот настан во Памплона во Шпанија, со цел луѓето да не се изложуваат на опасност. На учесниците во трката со бикови им е забрането да држат уреди за снимање, а на сите им е забрането фотографирање. Правилата се толку строги, па оние за кои ќе се утврди дека ги прекршиле, може да бидат исфрлени од трката, задржани, уапсени или да платат казна над 3.400 евра.
Без разлика дали сте во Зоолошка градина, во циркус или на карневал, во Њујорк е забрането селфи со било која „голема мачка“. Законот, кој е донесен во 2014 година е со цел спречување на повреди или смрт.
Во Куќата на накит во Тауер во Лондон посетителите можат да видат скапоцен накит на Круната. И таму е забрането фотографирање.
На плажата Ла Гаруп во Антиб во Франција од 2014 година важи забрана за посетителите да сликаат селфи во текот на летната сезона. Законот е донесен за да спречи луѓето да се фалат со своите одмори.
Фотографирање е забрането во Светата џамија во Мека и во џамијата на Пророкот во Медина.
Компанијата „Вест Џапен Раилвеј“ забранува сликање со селфи стап. Законот е воведен во 2015 година, со цел посетителите да се заштитат од удирање во жици над главите што би можело да предизвика струен удар, но и да се заштитат луѓето да паднат на шините додека се внесени во снимањето.
