МЕЈ КАТЕГОРИЧНА: Каков статус ќе имаат Европејците во Британија по Брегзит?
Британскиот премиер Тереза Меј ја подржува идејата европските граѓани да добијат специјален статус во идниот договор за Брегзит. Таа категорично се спротивстави на системот за миграција, предложена од некои нејзини министри, пишува Independent.
Меј изјави дека нема едноставно решение за справување со имиграцијата и дека не е јасно дали предлогот, базиран на австралискиот систем на бодување, всушност ќе функционира.
Наметнувањето на овој систем беше водечка идеја поддржана од агитираните за напуштање на ЕУ пред референдумот. Тие ја посочија таа идеја како одговор на миграциските проблеми на Велика Британија.
На Европејците сепак ќе им бидат наметнати и одредени ограничувања. „Британците, кои гласале на референдумот, сакаа видат силна контрола, да можеме да го контролираме движењето на луѓето од Европската унија. Затоа реков дека тоа нема да биде како досега. Таква е волјата на британскиот народ“, објасни британскиот премиер.
Ограничувањата врз миграцијата ќе бидат важна тема во разговорите меѓу Лондон и другите земји членки на ЕУ. Британците бараат рестриктивна опција, за да ги задржат квалификуваните странски работници, но и да обезбедат работни места за своите граѓани.
Меј одби да се ангажира и со намалувањето на ДДВ за горивата и насочувањето на дополнителни сериозни средства во здравствениот систем - две од клучните ветувања за Брегзит.
Друга контроверзна тема останува пристапот на земјата до заедничкиот пазар на ЕУ. Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон и неговиот колега Дејвид Дејвис, одговорен заБрегзит, категорично се спротивставија Лондон да си плати за да добие пристап до единствениот пазар.
Меј сепак далеку не е толку убедлива. Таа не ја отфрли таквата можност, велејќи дека британската администрација е фокусирана на подготовка на земјата пред да биде активиран членот 50 со кој реално започнува постапката за напуштање на ЕУ.
