Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународната заедница ги укина санкциите против Иран

Меѓународната заедница ги укина санкциите против Иран

Меѓународната заедница ги трга сите економски санкции поврзани со нуклеарната програма на Техеран согласно нуклеарниот договор од 14 јули 2015 година, објави шефот на европската дипломатија Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф, пренесоа агенциите.

Бидејќи Иран ги исполни сите свои обврски, мултилатералните и едностраните економски и финансиски санкции поврзани со иранската нуклеарна програма, се укинати, пишува во заедничка декларација.

САД официјално ги укина санкциите против Иран синоќа, кога државниот секретар Џон Кери потврди со официјална изјава во Виена дека Меѓународната агенција за атомска енергија се увери дека Иран целосно ги исполнил барањата од него за ангажманите согласно со нуклеарниот договор.

Влегувањето во сила на нуклеарниот договор со Иран ќе го олесни справувањето со другите кризи на Блискиот Исток, изјавил во Виена државниот секретар на САД, Џон Кери.

Со години поради својата контроверзна нуклеарна програма Иран беше подложен на санкции кои ја погодија тешко економијата. Западот ја обвинуваше исламската република, дека се стреми да создаде нуклеарно оружје - нешто што владата го одрекуваше.

Кога договорот се примени целосно, меѓународната заедница ќе може конечно да работи за решавање на други регионални предизвици без претстојната закана од атомска бомба на Иран, вклучувајќи се во кризата во Сирија, изјави Кери, индиректно алудирајќи на поддршката на Техеран за сирискиот режим.

Денес е првиот ден на еден побезбеден свет, изјавил Кери синоќа, но истакнал дека меѓународната заедница треба да ја задржи внимателноста, проверувајќи го почитувањето од страна на Иран „секој час во секој ден во текот на следните години“.

Кери истакнал дека преговорите за нуклеарниот договор ќе се забрзаат во невидена размена на затвореници помеѓу САД и Иран, објаснувајќи дека двата преговарачки процеси не биле директно поврзани, но ритамот и напредокот во хуманитарното досие бил забрзан од дипломатскиот канал на преговорите за нуклеарното прашање.

Европската унија ги укина синоќа економските и финансиските санкции против Иран откако Меѓународната агенција за атомска енергија даде зелено светло за примена на нуклеарниот договорот потпишан во јули. Одлуката за укинување на санкциите влезе во сила со нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ - помалку од еден час по неговото официјално одобрување од 28-те земји членки.

Слично

Поврзани вести