Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓу 8 и 16 години затвор за четворица бомбаши од Белгија

Меѓу 8 и 16 години затвор за четворица бомбаши од Белгија

Обвинети беа 10 лица, но на обвинителна клупа се појавија помалку лица.

Четворицата лидери на терористичката ќелија, извршиле напад во белгискиот град Вервие, за што се осудени на затвор меѓу 8 и 16 години. Тие се поврзани и со терористичките напади во Париз.

Тројца од обвинетите, вклучувајќи го и Маруан ал-Бали беа осудени на 16 години затвор. Уште еден обвинет доби 8 години затвор.

Во јануари 2015 година во југоисточниот белгиски град Вервие полицијата направи голема антитерористичка операција која заврши со престрелка со членови на терористичката ќелија. Беа убиени двајца џихадисти, а 8 беа уапсени.

Претресите во Вервие потврдија дека членовите на оваа група се подготвувале за напади врз полицијата и државните институции на Белгија. По париските атентати од 13 ноември стана познато дека лидерот на терористичката група во Вервие е Абделхамид Абауд.

Тој е Мароканец со француско државјанство, кој постојано живеел во Брисел, каде постојано патувал за Сирија. Тој се смета за еден од главните организатори на париските атентати. Абауд беше убиен на 18-ти ноември за време на операцијата на француските специјалци во париското предградие Сен Дени. При операцијата во Вервие тој не бил фатен, затоа што во тој момент се наоѓал во Сирија, каде што војувал во редовите на терористичката организација „Исламска држава".

Судењето против терористичката ќелија во Вервие започна во мај. Обвинети беа 10 лица, но на обвинителна клупа седнаа помалку лица. Други 10 лица ќе бидат судени во отсуство, бидејќи се наоѓаат во редовите на исламистите во Сирија. Станува збор за државјани на Белгија, Мароко, Холандија и Франција.

Слично

Поврзани вести