Меѓу 10-те најголеми ризици во светот е победата на Трамп
Победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД се смета за еден од десетте најголеми фактори на ризик во светот.
Предупредувањето доаѓа од „Economist Intelligence Unit“ (EIU), аналитичката единица на списанието "Економист".
Според изданието евентуална победа на Трамп може да доведе до паѓање на светската економија, да ги зголеми политичките ризици и да ја загрози безбедноста на САД.
EIU сепак не очекува Трамп да победи против Хилари Клинтон, која е сметана за "неговиот најверојатен ривал од земјата на демократите".
Евентуалната победа на Трамп се смета како поголем ризик отколку излегувањето на Велика Британија од ЕУ или вооружен судир во Јужното Кинеско Море.
Меѓу другите сериозни опасности се забавувањето на кинеската економија и дури нејзина "катастрофа", како и руската интервенција во Украина и Сирија, како претходници на нова студена војна.
Досега г-дин Трамп дава премалку детали за својата политика, дури тие се менуваат постојано, пишува EIU во анализата на глобалните ризици.
EIU користи скала за процена на ризиците од 1 до 25. Трамп има рејтинг од 12, кој е ист како ризикот "од зголемената опасност од џихад тероризамот, кој е дестабилизирачки за светската економија".
Тој е многу непријателски кон слободната трговија, особено кон НАФТА, и постојано ја поставува Кина како "манипулатор на валутата", посочува EIU. Аналитичарите предупредуваат дека неговиот непријателски тон кон Мексико и Кина "може брзо да прерасне во комерцијална војна".
Трамп повика на градење на "голем, голем ѕид" долж границата со Мексико, кој ќе биде платен од Мексиканците, за да се одржат надвор од САД илегалните имигранти и шверцерите на дрога.
За време на кампањата Трамп се прогласи за убивање на семејствата на терористите и упад во Сирија, уништување на "Исламска држава" и проневера на нејзината нафта.
Неговите милитаристични тенденции спрема Блискиот Исток и забрана на сите муслимани да патуваат во САД би биле моќна алатка за прибирање на џихад групи, засилувајќи ја заканата од нив како во регионот, така и надвор од него, пишува EIU.
Бизнисменот сепак е се поблиску до освојување на претседателската номинација на Републиканската партија, откако победува во повеќето спроведени досега прелиминарни избори. Трамп, кој нема никакво искуство на политичка позиција, се закани дека неговите приврзаници ќе се побунат, ако му биде одбиена номинацијата.
Ако сепак тој победи на претседателските избори "Економист" прогнозира поткопување на внатрешната и меѓународната политика на САД. Непријателството на републичката хиерархија, во комбинација со опозицијата на демократите, ќе блокираат многу од радикалните политички мерки на Трамп во Конгресот, сметаат од "Економист".
