Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за наводни воени злосторства, објави Ројтерс.

„Постојат разумни причини да се верува дека израелскиот премиер Нетанјаху сноси кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото“, изјави обвинителот на Меѓународниот суд на правдата.

Овој суд е највисока судска инстанца на Обединетите Нации.  Пред овој суд се водеа процеси и меѓу балкански држави. 

Меѓународниот суд на правдата е еден од шесте судови на Обединетите Нации (ОН). Надлежен е за решавање на споровите меѓу државите и дава советодавни мислења за меѓународни правни прашања. Toj е формиран со Повелбата на ОН од 1945 година, а почна со работа во 1946 година. Дел од судот се 15 судии кои се избрани од Обединетите Нации и Советот за безбедност.



Слично

Поврзани вести