Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународен налог за апсење на поранешниот претседател на ОПЕК

Меѓународен налог за апсење на поранешниот претседател на ОПЕК

Издадена е меѓународна потерница за поранешниот претседател на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) Катиб Хелила, поради  поткуп,открива владата на Алжир.

Тој е осомничен за учество во корупциски скандал во врска со алжирската нафтена компанија Сонатрек. Налогот за неговото апсење е издаден пред две недели. Тој беше и  алжирскиот министер за енергетика. Покрај него, во обвинението се вклучени уште 8 лица, поголемиот дел од нив членови на неговото потесно семејство.

 Алжир   ја спроведе истрага откако Италија соопшти дека ги разгледува тврдењата според кои  компанија та за нафта и гас ЕНИ и нејзиниот огранок Саипем платиле 256, 2 милиони долари  мито, со цел да се обезбеди договор со Сонатраком, вреден  14,6милијарди долари.

Слично

Поврзани вести