Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓу загинатите во Кабул има и американски војници

Меѓу загинатите во Кабул има и американски војници

Најмалку четворица американски војници загинаа во нападот во Кабул, во Авганистан. 

Според светските медиуми уште тројца се повредени. Пентагон потврди дека неколку војници на САД загинале при нападот.  Како што соопшти американската влада, неколку американски војници загинале во нападот пред аеродромот во Кабул, соопшти вечерва портпаролот на Министерството за одбрана на САД, Џон Кирби. Според некои светски медиуми, во нападот загинале четворица американски маринци, а тројца се повредени.

НАТО ги осуди експлозиите во Кабул, кои ги нарече ужасен терористички напад, а лидерите на Европската унија предупредија дека нестабилноста во Авганистан не смее да влијае на растот на тероризмот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го осуди „страшниот терористички напад“ во близина на аеродромот во Кабул. „Наш приоритет останува да евакуираме што е можно повеќе луѓе на безбедно, што е можно поскоро“, напиша Столтенберг на Твитер.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, пак, истакна дека „обезбедувањето безбеден премин до аеродромот останува клучно“.

Медиумите претходно објавија дека има најмалку 13 загинати. 


Фото: voanews.com

Слично

Поврзани вести