Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓу разрешените во МВР и двајца осомничени во истрагите на СЈО

Меѓу разрешените во МВР и двајца осомничени во истрагите на СЈО

Смени во МВР согласно договорот од Пржино направи денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Дел од медиумите пренесоа дека меѓу 11 сменети раководители, двајца се осомничени во случаите на Специјалното јавно обвинителство.

Имено, тие се распределени на пониски позиции, а како што пренесуваат медиумите се работи за Небојша Стајковиќ кој е еден од осомничените во случајот „Трезор“, предмет за кој СЈО во средата одржа прес-конференција, а тој е  брат на Владислав Стајковиќ кој е прв сопственик на фирмата „Финзи“, фирма преку која одело незаконското набавка на опремата.. 

СЈО не ги соопшти имињата, иницјалите, ниту функцијата на осомничените лица, освен дека тројца биле вработени во Управаат за безбедност и контраразунзвање, а еден во Министерството за внатрешни работи.

Министерот Спасовски во однос на смените додаде дека ова го направил во интерес на граѓаните и за да создаде услови граѓаните слободно да донесат одлука за следните парламентарни избори.

Слично

Поврзани вести