Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕЃУ НИВ ИМА И РАНЕТИ: Палестинци се примени во Египет

МЕЃУ НИВ ИМА И РАНЕТИ: Палестинци се примени во Египет

Египет прими десетици странски државјани и Палестинци на кои им е потребна медицинска помош. 

Државата вчера прими четириесетина Палестинци на кои им е потребна медицинска помош и 31 државјанин со странски пасош од Појасот Газа, соопштија египетските гранични власти.

Палестинските пациенти преку граничниот премин Рафа се пренесени со возила на брза помош. Меѓу нив има и двајца ранети. Тие се евакуирани од неколку болници, вклучувајќи ја и болницата за турско-палестинско пријателство, Европската болница и медицинскиот комплекс Насер, и се упатија кон здравствените установи во Северен Синај, Исмаилија, Суец, Порт Саид и Каиро. Египет испорача нова пратка хуманитарна помош до блокираната енклава.

Од почетокот на конфликтот на 7 октомври до 19 јануари, во земјата пристигнаа вкупно 528 авиони и 34 бродови со хуманитарна помош од четириесет земји и тринаесет организации. Дополнително, 7.179 камиони превезле 111.490 тони храна, лекови и медицински материјали.

Израел предложи високите лидери на палестинската терористичка група Хамас да ја напуштат Газа како дел од поширокиот договор за прекин на огнот. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја поздрави вчерашната одлука на Меѓународниот суд на правдата во Хаг за тужбата на Јужна Африка против Израел за геноцидот во Појасот Газа.

Хамас на 7 октомври лани го нападна Изарел, уби над 1.400 израелски цивили, и странци, по што Израел почна операција во Газа за уништување на групата. 

Слично

Поврзани вести