Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мега ресортот на Доналд Трамп во Палм Бич ја враќа претседателската вредност

Мега ресортот на Доналд Трамп во Палм Бич ја враќа претседателската вредност

Доналд Трамп како магнат за недвижнини во САД уште во 1985-та година има купено голема вила во Мар а лаго во Палм Бич, Флорида, која подоцна ја претворил во приватен ресорт со ексклузивно членство за елитата. 

Интересно е што овде за време на зимските празници престојувало и претседателското семејство на Кенеди, но подоцна федералната влада одбила да го користи како претседателска вила поради безбедносни ризици и огромната површина која мора да се обезбедува постојано.

Сега, глетката е многу слична, ангажирани се сите тимови на шерифскиот оддел од Мар а лаго, донесени се патролни чамци на Крајбрежната служба, а тимови на федерални агенти целосно го контролираат патот кој води кон имотот на Доналд Трамп. 

За самото здание не треба да се трошат многу зборови, доволно е да се погледнат сликите на раскош, луксуз и гламур што навистина дава еден аристократки поглед на Доналд Трамп. Целата област сега довива и поголема вредност на недвижностите, па дел од резидентите ги продаваат своите куќи за над 25 милиони долари.


Слично

Поврзани вести