Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

Имаше масовен хакерски напад врз руските државни медиуми, токму денеска кога рускиот претседател Владимир Путин слави роденден и полни 72 години. 

Извор од украинската влада соопшти дека украинските хакери се одговорни за големиот сајбер напад врз руската државна медиумска компанија ВГТРК.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно потврди дека ВГТРК била цел на сајбер напад без преседан. Вели дека експертите работат напорно за да откријат кој стои зад нападот. 

„Нашиот државен медиумски холдинг, еден од најголемите, се соочи со невиден хакерски напад врз неговата дигитална инфраструктура. Експертите се обидуваат да ги утврдат сите околности со цел да разберат каде водат трагите што ги оставиле сторителите на овој хакерски напад“, кажа Песков. 

ВГТРК, која ги поседува и управува со главните национални ТВ канали и голем број регионални канали и радио станици, претходно во понеделникот објави дека нејзините интернет-сервиси станале цел на сајбер напад преку ноќ, но дека и покрај тоа, емитувањето на радиото и ТВ преносите функционирале.

Медиумите дури го нарекоа ова и „мага“ хакирање. 

Инаку, Путин денеска работно ќе го прослави роденденот. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година, а Путин ја негираше и украинската нација. 

Слично

Поврзани вести