Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев за нападите врз Иран: Миротворецот повторно го покажа своето лице

Медведев за нападите врз Иран: Миротворецот повторно го покажа своето лице

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев ги критикуваше постапките на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека преговорите со Иран биле само „параван“.

„Миротворецот повторно го покажа своето лице. Сите преговори со Иран беа прикривна операција. Никој не се сомневаше во тоа. Никој навистина немаше намера да преговара за ништо“, изјави Медведев.

Тој додаде дека прашањето е „кој има повеќе трпение да го дочека неславниот крај на својот непријател“, споредувајќи ја староста на Соединетите Американски Држави(САД) со историјата на Персиското царство.

„САД се стари само 249 години. Персиското царство е основано пред повеќе од 2.500 години. Ќе видиме за 100 години…“, наведе Медведев. 

Израел и САД утрово го нападнаа Иран, а Иран врати со напади на Израел и на американските бази на Блискиот Исток.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести