Медведев вели тие ќе ги диктираат условите за мир, а Украина планира напад на Крим
Ќе има мир во Украина, но ние ќе ги диктираме условите, вели Дмитри Медведев, поранешен руски претседател и заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.
Медведев денеска сугерираше дека Москва е подготвена да направи се што е потребно за да победи, според Ројтерс.
„Русија ќе ги постигне сите свои цели. Ќе има мир, но ние ќе ги диктираме условите“, рече Медведев.
Украина се подготвува да го нападне црноморскиот полуостров Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година и е дом на руската Црноморска флота, изјави владин претставник.
„Имаме противбродски способности и порано или подоцна ќе ја таргетираме флотата“, изјави украинскиот функционер Володимир Хаврилов за „Тајмс“ за време на неговата посета на Лондон.
Вели дека Русија ќе мора да го напушти Крим ако сака да постои како држава.
