Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев вели дека Америка секогаш ги напушта своите пријатели

Медведев вели дека Америка секогаш ги напушта своите пријатели

Поддршката на САД за Украина нема да трае долго, вели потпретседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев.

Тој на „Телеграм“ напиша дека во одреден момент Конгресот на САД ќе престане да ја поддржува Украина затоа што, како што вели, „Америка секогаш ги напушта своите пријатели“, пренесува ТАСС.

Според него, „обичните Американци полека ја сфаќаат реалноста, што ќе влијае на Конгресот, кој на крајот ќе престане безрезервно да го поддржува украинскиот режим“.

Сепак вели дека „русофобијата е дел од консензусот на политичките елити во Америка“.

Инаку, Русија се пожали дека украинските сили намерно убиле нивни војници со истрели во глава.  Русија цело време е незадоволна затоа што САД и други земји донираат оружје за Украина. 

Слично

Поврзани вести