Медведев: Уверен сум дека ќе ја избегнеме кризата
„Уверен сум дека ќе ја избегнеме кризата, која е слична на онаа која ја имавме во 2008 и 2009 година“, им порача рускиот премиер Дмитриј Медведев на граѓаните.
Нема потреба од залиха на конзерви со месо, супа, кибрит и сол“, изјави Медведев во интервјуто за „Комсомоласкаја правда“.
Сепак минатиот месец претседателот на Русија Владимир Путин предупреди дека Русија би можела да ги почувствува последиците од новиот бран на економска криза.
„Вака беше во 2008 година и сега се соочуваме со слична ситуација. Сепак, за разлика од нашите пријатели и партнери во Европа и другите делови од светот, руската економија, покажува виталност и раст“, изјави Путин.
Слично
