Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев: Украина да плати за гасот или ќе се превземат сериозни мерки

Медведев: Украина да плати за гасот или ќе се превземат сериозни мерки

„Русија ќе преземе сериозни мерки, доколку Украина не ги исплати сите долгови за гас“, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев.

Тој додал дека и покрај високата побарувачка на гас во Украина, Русија мора да реагира согласно со пропишаните договорни обврски.

„Без разлика дали тоа се однесува на корисниците кои се наоѓаат на територијата во Украина или други делови на земјата, мора да го платат целиот дотур на гас“, изјавил Медведев.

Тој истакна дека Русија ќе транспортира гас во земјата се додека не ги подмират сите долгови, вклучувајќи ги и оние на Русија  за добротворни цели во самопрогласената ДНР и ЛНР кој бил пренесен преку алтернативни правци.

„Нашите Украински колеги или да платат, или како и секогаш, ќе се преземат сериозни мерки“, изјавил Медведев.

Властите на самопрогласената република претходно објавија дека Украина ќе престане да го снабдува со гас Донбас. Украинските власти објаснија дека снабдувањето со гас е суспендирано поради неуспехот на гасоводот. Набргу потоа, „Гаспром“ почна алтернативни правци за испорака на гас на југоисточна Украина.

Слично

Поврзани вести