Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев се заканува дека Украина може да исчезне од мапата

Медведев се заканува дека Украина може да исчезне од мапата

Нови закани за Украина. 

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев на својот канал на Телеграм напиша дека Украина како држава би можела да исчезне од мапата како резултат на одвивањето на настаните, објави ТАСС. 

„По државниот удар во 2014-та година, Украина ја изгуби државната независност и падна под директна контрола на колективниот Запад, а почна да верува и дека НАТО ќе ја гарантира нејзината безбедност“, тврди Медведев. 

Медведев  навел дека „украинските злосторници дефинитивно ќе бидат процесирани за злосторствата извршени над народот во Украина и Русија“. Војната во Украина почна на 24 февруари. Деновиве рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров кажа дека бидејќи Украина добива американско оружје, тие ќе се концентрираат на повеќе територии, а не само на Донбас. 

Слично

Поврзани вести