Медведев се лути на Американците затоа што запленија танкер
Поранешниот претседател на Руската Федерација, Дмитриј Медведев зборуваше и за тоа дека американските сили запленија руски танкер.
„Очигледно е зошто се најде под руското ‘привремено знаме’: под закана од апсење, тој побара заштита од нелегални санкции на САД. Сепак, избраниот метод не беше целосно соодветен“, изјави Медведев, оценувајќи дека станува збор за кршење на Конвенцијата на ОН за морското право, иако САД не ја ратификувале.
Тој нагласи дека тоа не го менува фактот оти, според него, станува збор за „криминално запленување на цивилен брод“.
„Мора да имаме предвид дека сегашните меѓународни односи се потонаа во апсолутен хаос од почетокот на годината. И мора да дејствуваме соодветно: има премногу непослушни луѓе наоколу“, заклучи Медведев во своето обраќање.
Американската морнарица денеска заплени танкер во Карипско Море во близина на Тринидад. Ова е петта ваква американска акција за неколку недели.foto Kremlin
