Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев: Сакате да го уапсите Путин, но ќе имате монструозни последици!

Медведев: Сакате да го уапсите Путин, но ќе имате монструозни последици!

За прв пат од почетокот на војната, откако МКС издаде налог за негово апсење, Владимир Путин се најде во зоната на конфликтот - во Мариопол. Володимир Зеленски верува во победа, најавува нова воена помош од сојузниците во НАТО. Според Фајненшл тајмс, испораката на гранати во Европа би можела да биде одложена поради недостиг на експлозиви со кои се соочува европската одбранбена индустрија.

Украина ги губи своите најдобри воени пилоти додека го чека Ф-16, изјави командантот на украинските воздухопловни сили генерал Серхиј Голубцов во интервју за британскиот весник Тајмс.

Според него, украинските пилоти можат да ги совладаат западните авиони за неколку месеци. Тој ги отфрли тврдењата на официјални претставници на НАТО дека обуката може да трае со години. Како пример, Голубцов наведе двајца негови подредени кои неодамна се вратија од САД.

-Таму поминаа три недели и на симулаторот Ф-16 научија како да летаат заедно како двајца пилоти, како да користат оружје. Резултатите се многу добри: украинските пилоти можат да научат да летаат и да ги контролираат оружените системи на Ф-16 за помалку од шест месеци - рече тој.

Командантот на украинските воздухопловни сили се пожали на застарена опрема и доцнење на НАТО во снабдувањето со западно оружје, вклучително и ловци Ф-16.

- Изгубив некои од моите најдобри луѓе поради немањето соодветна опрема - изјави Голубцов.

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден во телевизиско интервју го отфрли трансферот на Ф-16 во Киев, велејќи дека таквите испораки немаат смисла во контекст на актуелниот конфликт.

Москва постојано изјави дека западната воена помош не носи добро на Украина и само го продолжува конфликтот, а транспортот на оружје станува легитимна цел на руските воздушни сили.

  Медведев предупреди на последиците од одлуката на МКС да го „уапси“ Путин

– Одлуката на МКС да го „уапси“ Путин нема практична вредност, а последиците по меѓународното право ќе бидат монструозни – изјави Дмитриј Медведев, а пренесува РИА.

Слично

Поврзани вести