Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев сака да одат до границите на Полска, а за Зеленски се сомнева дали ќе биде жив

Медведев сака да одат до границите на Полска, а за Зеленски се сомнева дали ќе биде жив

Русија сака да ги шири своите граници. На една година од почетокот на руската инвазија на Украина, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев говори за поместувањето на границите. 

Медведев вели дека единствениот начин Москва „да обезбеди траен мир“ е поместување на своите граници што е можно подалеку. Кажа дека сакаат да одат до границите на Полска. Тврди дека ќе победат и дека потоа ќе има тешки преговори. 

„Одлуките на киевскиот режим нема да ги донесе (украинскиот претседател Володимир) Зеленски, ако биде уште жив, или некој од неговата банда. Одлуките ќе бидат донесени од другата страна на океанот. Ќе ги донесат оние кои му испраќаат оружје и пари на Киев за да ги одржат остатоците на украинската економија во живот“, наведе Медведев.

Инаку, Русија со месеци се бори за заземање на градот Бахмут. 

Украинците спремаат контраофанзива. Ова го потврди украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников. 

Откако почна војната во Украина, украинските власти тврдеа дека спречиле повеќе обиди за атентат на Зеленски. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести