Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев: Русија треба да се подготви за најлошите економски сценарија

Медведев: Русија треба да се подготви за најлошите економски сценарија

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјавил дека неговата земја треба да се подготви за најлошото економско сценарио, и додаде дека во моментот ситуацијата е под контрола, пренесоа агенциите.

На економскиот форум „Гаидар“ во Москва, Медведев објаснил дека еден од главните проблеми се високите каматни стапки, кои го спречуваат растот на економијата. Рускиот премиер додал дека буџетот треба да биде разгледан, ако цената на нафтата продолжи да паѓа. Ова ќе се наметне, бидејќи сегашните проценки се направени при цени на суровината од 50 долари за барел.

Рускиот премиер не посочил точно што подразбира под „најлошо сценарио“. Според извор на „РБК“ од руското Министерство за финансии се подготвуваат за две варијанти: по цени од 40 долари или 25 долари за барел, а првиот е главен. Ако цената на нафтата почне да се движи во интервалот 20-30 долари за барел, постои опасност од дефицит за 2016 година да ги надмине планираните 3% од „БДП“ и да стигне до 7,5%.

На форумот „Гаидар“ министерот за финансии Антон Силуанов изјавил дека без започнатата оптимизација на буџетот има ризик да се повтори кризата од 1998 година, „за која плати народот“.

Поради рекордно ниските цени на нафтата владата на Дмитриј Медведев во понеделникот одлучи - првиот работен ден од новата година, да бидат отпуштени буџетските трошоци за 10%.

Министерот за економски развој Алексеј Улакаев изјавил дека до 2030 година Русија ќе е удобно место за живеење, времетраењето на животот на Русите ќе се зголеми за 10 години и сите ќе престанат да мислат на курсот на рубљата и нафтата. Улакаев додал дека е потребно повторно да биде иницирано прашањето за приватизација на државните банки Сбербанк и ВТБ.

На крајот на 2015 година директорот на Сбербанк, Герман Греф повика на „целосна приватизација на банката“. Во интервју за „Ханделсблат“, тој истакнал дека сегашниот мнозински сопственик - Централната банка на Русија - мора да задржи 25% удел од акциите (а сега има 50%). Од Министерството за финансии на Русија сепак објаснија дека приватизацијата на двете кредитни институции ќе е тешка поради наметнатите санкции од Европа и САД.

Поранешниот министер за финансии на Русија, Алексеј Кудрин предупредил за наглиот пораст на бројот на сиромашните во земјата оваа година. Според него, во тоа е големата разлика помеѓу сегашната криза и оваа од 2008 година според Кудрин тогаш државата се справила со овој проблем со доделувањето големи социјални бенефиции и фискалниот пакет за стимулирање на економијата.

Слично

Поврзани вести