МЕДВЕДЕВ: Русија може да анектира уште украински територии
Русија се заканува дека ќе анектира уште украински територии.
Екс рускиот претседател Дмитриј Медведев ја истакна можноста за натамошна анексија на територија во Украина, објави во саботата германската новинска агенција ДПА.
На партискиот конгрес на партијата Обединета Русија во Кремљ, Медведев во петокот рече дека е неопходно да се развијат регионите кои се веќе припоени од Москва – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Руската инвазија на Украина почна пред скоро три години.
foto EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA
Слично
