Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев: Русија е на почеток на борбата со тероризмот, но ќе и ставиме крај

Медведев: Русија е на почеток на борбата со тероризмот, но ќе и ставиме крај

Рускиот премиер Дмитриј Медведев по крвавиот напад извршен со импровизирани експлозиви во метрото во Санкт Петербург изјави дека Русија нема да се откаже се додека тероризмот на меѓународно ниво не биде поразен.

– Ние, во извесна смисла, навистина се наоѓаме на самиот почеток од борбата со меѓународниот тероризам. Тоа, се разбира, е многу тешко за нашата земја, но оваа борба треба да се доведе до крај, затоа што во спротивен случај терористичките напади, како вчерашниот во Санкт Петербург, ќе станат почести, а не поретки, рече тој за време на посетата на фирмите во руската Тамбовска област.

Медведев изрази убеденост дека извршителите и нарачателите на атентатот во Санкт Петербург ќе бидат откриени, и покрај тоа што непосредниот негов извршител, доколку се суди според се досега истражено, загинал.

– Според информациите со кои располагаме, терористот загинал, но таквите кривични дела не ги подготвува само еден човек, подвлече рускиот премиер.

Тој ја потенцира неопходноста од дополнителни безбедносни мерки во сообраќајот и најмногу во метрото, кое од повеќе причини е особено загрозено место. 

Претходно САД изрази подготвеност да и помогне на Русија во анти-терористичката истрага и дава целосна поддршка во борбата со тероризмот.


Слично

Поврзани вести