Медведев: Русија да нема лажна надеж дека санкциите веднаш ќе паднат со Трамп
Рускиот премиер Дмитри Медведев ја предупреди јавноста да не креира лажна надеж дека веднаш санкциите ќе бидат укинати, особено по најавите на банкарскиот сектор за време на Светскиот економски форум во Давос дека вакво барање ќе испрателе до новиот американски претседател Доналд Трамп.
Русија треба да се прости со илузиите дека западните санкции против неа наскоро ќе бидат симнати. Очигледно е дека сето тоа ќе трае долго време. Нема зашто да се надеваме на нечии туѓи избори, на доаѓањето на нови странски лидери, рече рускиот премиер во говорот на конгресот на владејачката партија „Единствена Русија“.
Новиот американски претседател Доналд Трамп на повеќе наврати велеше дека сака да ги подобри односите со Русија, не е потребно непријателство по секоја цена, па затоа ќе ги разгледа наметнатите санкции врз Москва но, дека нема веднаш да ги укине.
