Медведев: Референдумот ќе овозможи употреба на сите сили за самоодбрана
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев оцени дека референдумот во Донбас е од големо значење не само за заштита на жителите на самопрогласените Лугански и Доњецки (ЛНР, ДНР) и други, како што наведе, „ослободени територии“, но и за враќање на „историската правда“.
Според Медведев, со референдумот целосно се менуваат развојот на Русија во следните децении.
- И не само нашите земји. Затоа што по нивното спроведување и приемот на нови територии во Русија, геополитичката трансформација во светот ќе стане неповратна - напиша Медведев на Телеграм.
Тој посочи дека посегнувањето на руска територија е „злосторство, чие извршување дозволува употреба на сите сили за самоодбрана“.
Според него, не е помалку важно што по измените на Уставот на Русија, ниту еден иден лидер на Русија, ниту еден функционер нема да може да ги укине тие одлуки.
- Токму затоа овие референдуми се толку стравувани во Киев и на Запад. Токму затоа тие треба да се спроведат - смета Медведев.
Вчера, јавните комори на ЛНР и ДНР се обратија до лидерите на тие самопрогласени републики, Леонид Пашечник и Денис Пушилин, со иницијатива за итно одржување референдуми за влез на ЛНР и ДНР во Русија.
