МЕДВЕДЕВ: Првата епизода е пуштена, ќе има и други - негов став е дека „цел треба да биде целосно разбивање на политичкиот режим на Украина“
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, преку Телеграм се огласи дека, како што пишува, ќе има и други епизоди. Целта на нивните идни акции, според него, треба да биде целосно разбивање на политичкиот режим на Украина.
„Првата епизода е пуштена.
Ќе има и други.
И понатаму. Ќе го искажам мојот личен став. Не можам да не го спомнам сега. Украинската држава во нејзината сегашна конфигурација со нацистичкиот политички режим ќе претставува постојана, директна и јасна закана за Русија. Затоа, покрај заштитата на нашиот народ и заштитата на границите на земјата, целта на нашите идни акции, според мене, треба да биде целосно разбивање на политичкиот режим на Украина“, напиша Медведев на Телеграм.
