Meдведев прашува што ако ЕУ исчезне додека Украина да влезе во заедницата?
ЕУ може да исчезне додека ја прими Украина, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Oбјаснува дека пристапувањето на Украина во Европската унија е можно дури во средината на векот, а дотогаш самата асоцијација би можела да исчезне.
Медведев вели дека ситуацијата со пристапувањето на Украина во ЕУ е слична на градењето на комунизмот во СССР, датумот на спроведување на овие планови не е именуван, но има многу непроверливи апстрактни услови.
„Нивната објективна проверка е невозможна, тие ќе бидат верификувани со децении и тоа ќе го прават новите генерации лидери на ЕУ, затоа вистинскиот термин е средината на векот, а не порано. Што ако, да чукнам во дрво, ЕУ исчезне дотогаш? Страшно е да се мисли каков скандал ќе биде тоа, бидејќи какви жртви беа направени на олтарот за влез во ЕУ и какво изневерување на очекувањата на несреќникот“, вели Медведев, пренесува ТАСС.
Претседателот на Русија Владимир Путин нема ништо против Украина да влезе во Европската Унија(ЕУ).
„ЕУ не е воена организација, за разлика од НАТО. Како што секогаш велам, нашиот став е многу конзистентен и јасен во овој поглед. Русија не е против тоа“, рече Путин.
