МЕДВЕДЕВ ПОВТОРНО ШОКИРА: Светот гледа во Израел, а ситуацијата опасно ескалира во срцето на Европа
Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, во четвртокот предупреди дека неодамнешните дејствија на Полска може да ја доведат земјата во директен конфликт со Русија и Белорусија, што може да резултира со почеток на Трета светска војна, пишува Newsweek.
Медведев, кој беше и претседател на Русија од 2008 до 2012 година, напиша статија за рускиот весник Росијска газета.
Запаливите изјави не се невообичаени за Медведев, а тој постојано јавно изјавУВА дека Русија би можела да ги нападне членките на НАТО затоа што ѝ помагаат на Украина.
Во декември 2022 година, тој ги нарече западните сојузници на Украина „легитимни воени цели“. Тој уште во септември изјави дека Русија е подготвена да влезе во директен конфликт со земјите-членки на НАТО.
Според написот на Медведев во рускиот весник, помошта на Полска за Украина може да предизвика конфликтот да ескалира во глобална војна.
– Военото зајакнување на Полска и нивното воено присуство во Украина може да предизвика директен конфликт меѓу Варшава и Белорусија и Русија. Во овој случај, сојузничката група ќе даде соодветен одговор за да ги спречи заканите кои произлегуваат од злите амбиции на полскиот естаблишмент - напиша Медведев.
Тој продолжи: „Непромислените дејствија на Полска, доколку набрзина бидат поддржани од нејзините сојузници во НАТО, би можеле да имаат далекусежни и опасни последици за целиот свет. И тогаш Полска ќе ја исполни улогата на „хиената на Европа што ја започна Третата светска војна“.
На друго место во написот, Медведев ја обвини Полска дека има задни намери да ја поддржува Украина, тврдејќи дека земјата „се стреми кон само една работа - да обезбеди целосна доминација во регионот преку воспоставување контрола врз државите лоцирани меѓу Варшава и Москва“.
Тој, исто така, понуди кратка историја на руско-полските односи низ годините, пред дополнително да ги омаловажи „злите амбиции“ на лидерите во Варшава, како и тврдењето дека членките на ЕУ имаат „слабо скриена омраза“ кон Полска.
– Сега водечките држави на ЕУ ги сметаат полските власти за злонамерни скоројевици кои себично ги користат сите нејзини институции исклучиво за свои себични цели, не придонесувајќи ништо во европската каса – напиша рускиот функционер.
Може да се претпостави дека тоа на крајот ќе придонесе за дестабилизација на самата структура на ЕУ, за целосна пресметка во рамките на „пријателското“ европско семејство, па дури и за распаѓање на Европската унија по вина на Полска, пренесува Newsweek посочувајќи дека тоа се зборовите на Дмитриј Медведев.
