МЕДВЕДЕВ ОСТРО КОН ПОЛСКА: „Дерусификација на полската и европската економија може скапо да чини“
Дмитриј Медведев,
заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, на каналот Телеграм објави долгопредупредувачко писмо до Полска,
само неколку дена пред официјалната посета на Бајден на оваа земја.
„Интересите на граѓаните на Полска се жртвувани поради русофобијата на „просечните политичари“ и нивните сојузници од другата страна на океанот, со јасни знаци на сенилно лудило“, напиша поранешниот руски претседател и премиер на својот профил на Телеграм.
Медведев со ова мислеше на одлуката на полскиот премиер Матеуш Моравјецки минатата недела да ја намали зависноста од Русија и економските врски со Москва како одговор на инвазијата на Украина на 24-ти февруари.
„Ќе се справиме со дерусификацијата на полската и европската економија. Повикуваме на прекин на активностите на рускиот пазар“, рече Моравјецки на прес-конференција на 18 март.
На изјавата на полскиот премиер, Медведев одговори:
„Моравјецки свечено најави развој на програма за „дерусификација на полската и европската економија. Ова може скапо да чини. Апсолутно и целосно е точно дека е скапо и непромислено. Но, Полска повеќе не може да ги земе предвид трошоците. Сè што Полска би можела да загуби поради својата долгогодишна патолошка русофобија е веќе изгубено. Пропагандата на Полска е „најзлобниот, највулгарниот и наостар критичар на Русија. Заедница на политички идиоти“, напиша Медведев.
„Полска заборава дека советската армија ја ослободи од нацистичката окупација, наместо тоа, советската окупација се поистоветува со нацизмот. Ова е лажна и одвратна реторика. Меѓутоа, во Русија нема антиполски чувства - токму спротивното“, додаде тој, нагласувајќи дека одлуката на Полска да се откаже од купување руски гас, нафта и јаглен веќе предизвика сериозна штета на економијата во земјата.
Истото важи и за многу други чекори, кои не се засноваат на економија, туку на политиканство под маската на „дерусификација“. Но, сега е многу поважно полските елити да се заколнат на верност на својот господар, Америка, отколку да им помогнат на своите, граѓаните. Економската соработка со Русија е корисна за Полјаците, неопходни се човечки врски, а културните и научните размени меѓу родните места на Пушкин и Мицкевич, Чајковски и Шопен, Ломоносов и Коперник се од витално значење. Полјаците најверојатно ќе го направат вистинскиот избор за соработка со Русија - сами, без охрабрување и притисок на прекуокеанските елити кои страдаат од деменција“, заклучи Медведев.
