МЕДВЕДЕВ ОБЈАВИ ДЕКА ИМААТ ПЛАН: „Русија нема да пропадне“
Руската економија никогаш нема да пропадне поради санкциите, изјави вчера заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, пренесува руската агенција Риа Новости.
„Ги имаме сите можности за сопствен развој. Претходните санкции беа многу добредојдени, тие не принудија да развиеме замена за увозот во сите сектори, вклучително и научно-интензивните, за развој на нови технологии, производи и лекови“, напиша тој на неговиот Телеграм канал.
„Владата веќе донесе одлуки да им помогне и на луѓето и на економијата во форма на социјални бенефиции, дополнително финансирање за високотехнолошкиот сектор, земјоделството, банкарскиот сектор. Нема да има колапс во економијата“, рече Медведев.
„Покрај тоа, Русија има многу сигурни партнери не само во постсоветскиот простор, туку и во Кина, Југоисточна Азија и африканските земји. Таа е огромен, перспективен пазар, не толку конфликтен како европскиот. Резултатите од ова партнерство и соработката е сосема евидентна“, рече тој.
