Медведев најави ембарго за турските стоки и фирми во Русија
Рускиот премиер Дмитриј Медведев најави дека наредил подготовка на одмазднички мерки „во економската и хуманитарната сфера“ против Турција по соборувањето на руски воен авион во вторникот на границата со Сирија.
Според неговите зборови, цитирани од агенциите, мерките ќе опфатат увоз на турска храна.
Можна е и забрана на турски компании да вршат дејност на руска територија, додал тој.
„Веќе припремивме воени и дипломатски мерки за да реагираме на тоа кривично дело, но ќе има и уште“, изјавил премиерот на седница на Владата.
Според Медведев мерките „против турската агресија“ ќе бидат на неопределено време.
Министерот за економија Сергеј Улчкаев изјавил дека руските санкции нема да се спротивни на правилата на Светската трговска организација во која членуваат и двете држави.
