Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев му се закани на Зеленски, вели ова е само загревање и детска игра

Медведев му се закани на Зеленски, вели ова е само загревање и детска игра

Руските власти велат дека ова е само загревање и детска игра.  

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, упати нова закана до режимот во Киев по изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека не е подготвен да преговара со Москва затоа што руската страна поставува ултиматуми.

„Сегашните „ултиматуми“ се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина. И тој ги знае – целосна капитулација на режимот во Киев под услови на Русија“, напиша Медведев на Телеграм.

Зеленски тврди дека Русија нема желба да преговара на конструктивен начин.

Кремљ во понеделникот порача дека Русија ќе ги оствари своите објавени воени цели во Украина, откако Киев и Западот објавија за напредување на боиштето.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „специјалната операција“ во Украина ќе продолжи додека не ги оствари своите задачи.

За потсетување, руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести