Медведев: Москва може да ги испрати сите свои непријатели во вечниот оган на пеколот
Русија води „света“ војна против сатаната, вели поранешниот руски претседател Дмитри Медведев.
Тој денеска се закани дека Москва може да ги испрати сите свои непријатели во вечниот оган на пеколот. Медведев рече дека руските трупи се борат против „лудите нацистички зависници од дрога“ во Украина, поддржани од Западот. Медведев вели дека задачата на татковината е „да го запре врховниот владетел на пеколот, без оглед на името што го користи - Сатана, Луцифер или Иблис“. Медведев, сега заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, вели дека „оружјето на сатаната се „сложени лаги“.
„Нашето оружје е вистината. Затоа нашата кауза е исправна. Затоа победата ќе биде наша!“, кажа Медведев.
Украина и Западот постојано ги отфрлаа тврдењата на претседателот Владимир Путин дека Украина ја водат фашисти кои го прогонуваат рускиот јазик. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. Сега 4.5 милиони Украинци се без струја поради руските напади. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека спроведува енергетски тероризам.
