Медведев ја повика Британија да ги врати Фолкландските Острови на Аргентина
Обединетото Кралство да ги врати Фолкландските Острови на Аргентина, вели поранешниот руски претседател Дмитри Медведев.
Тој врати на изјавата на британскиот премиер Риши Сунак кој изјави дека преговорите со Русија се потполно бесмислени сѐ додека руските трупи не се повлечат од Украина.
Меведев вели дека сите британски политичари се лицемерни.
„Еве младиот премиер со презиме некарактеристично за Велика Британија. Рече дека додека Русија не ги повлече своите трупи од територијата на Украина, нема преговори. Од сите, Англосаксонците велат дека самите Украинци ќе одлучат дали ќе преговараат со нас или не. Лажги, дволичност и невиден цинизам“, рече Медведев.
Медведев говореше и за деценискиот конфликт помеѓу Аргентина и Обединетото Кралство.Фолкландските Острови се архипелаг кој се наоѓа на 480 километри од брегот на Аргентина, но се под британска контрола. На 2 април 1982 година Аргентина ги нападна Фолкландските Острови како и други британски територии во Јужниот Атлантик (Јужна Џорџија и Јужните Сендвич Острови). Аргентинците ја загубија војната предавајќи се на 14 јуни истата година. Загинаа 655 аргентински и 255 британски војници.
Украина не сака да преговора и инсистира Русија да ги врати границите од 1991 година.
Поранешниот американски дипломат Хенри Кисинџер изјави дека е дојдено време за крај на конфликтот во Украина со цел да се намали ризикот од нова катастрофална светска војна, но Владата во Киев ги отфрли тие коментари и нагласи дека не може да има договор кој вклучува отстапување на украинска територија.
