Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев им се закани на Американците, вели ќе се скршат побрзо од Русија

Медведев им се закани на Американците, вели ќе се скршат побрзо од Русија

Русија пак се заканува, овој пат на САД. 

Екс рускиот претседател и еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Медведев ги обвини Соединетите Американски Држави(САД) дека преку Украина водат посредничка војна против Русија. 

Претходно,  американскиот Претставнички дом одобри пакет за помош на Украина од 40 милијарди долари.

„Нема да успеат. Машината за печатење со која Америка постојано го зголемува својот и онака пренадуван државен долг ќе се скрши пред да се скршиме ние“, вели Медведев. 

Русија досега неколку пати им се закани на земјите кои против неа воведоа санкции, а воедно истите земји ја помагаат Украина. Денеска е 77-от ден од почетокот на војната во Украина. 

Слично

Поврзани вести