Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев: ЕУ треба да стави крај на војната со санкции

Медведев: ЕУ треба да стави крај на војната со санкции
Рускиот премиер Дмитриј Медведев смета дека точка на војната на санкции треба да стави Европа. Во интервју за Словенечката радио и телевизија, тој изјавил дека овој процес не е започнат од Русија и дека се надева оти друг ќе го заврши. Премиерот потсетил дека трговските односи и добрите односи меѓу земјите, меѓу народите и меѓу луѓето треба да надминува политичките ограничувања. Тој посочи дека за намалувањето на прометот помеѓу Русија и Словенија и помеѓу Русија и ЕУ има две причини. Првата е конкурентска-економија, но другата е поврзана со воведување на санкции против Русија и соодветни контрамерки на Москва. Тој нагласил дека не може да го прифати ова за нормално, бидејќи е поврзано со политичките одлуки и како целина е лошо за земјите.
Слично

Поврзани вести