Медведев до Зеленски по притворот за украинскиот поглавар: Ќе одговараш пред човечки и Божји суд
Димитриј Медведев, заменик-шефот на Советот за безбедност на Руската Федерација, и претседавач на Единствена Русија, искоментира дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата администрација ќе одговараат пред, како што рече, човечкиот и Божјиот суд, откако на митрополитот Павле, поглавар на Украинската православна црква, му беше одреден 60 дневен куќен притвор.
„Сигурен сум дека тие ќе застанат не само пред човечкиот суд, туку пред сè пред неговиот (Божји) суд. И ќе добијат за се што направиле“, напиша Медведев во неделата на својот канал на Телеграм.
Тој при тоа го цитираше и Откровението на Јован Богослов.
„И ѕверот беше фатен, а со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, со кои ги измами оние што го примија жигот на ѕверот и му се поклонија на неговиот лик: и двајцата беа фрлени живи во огненото езеро, горејќи со сулфур”, цитираше Медведев.
Слично
