ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев до Трамп: Си поставува ултиматуми, ама Русија не е Израел, па ни Иран

Медведев до Трамп: Си поставува ултиматуми, ама Русија не е Израел, па ни Иран

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев денеска изјави дека обидите на американскиот претседател Доналд Трамп да постави ултиматуми до Русија, претставуваат закана што може да доведе не до ескалација на конфликтот со Украина, туку до директен конфликт со САД.

„Трамп си поставува ултиматуми со Русија: 50 дена или 10. Треба да запомни две работи: Русија не е Израел, па дури ни Иран. Секој нов ултиматум е закана и чекор кон војна. Не меѓу Русија и Украина, туку со неговата сопствена земја. Не одете по патот на Поспаниот Џо!“, изјави Медведев.

Американскиот претседател Доналд Трамп му постави нов, пократок рок на рускиот колега Владимир Путин да прифати прекин на огнот со Украина, изразувајќи ја својата фрустрираност од продолжувањето на војната. Новиот рок е 10 до 12 дена. 

ad
Слично

Поврзани вести