Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕДВЕДЕВ ДО ШОЛЦ И МАКРОН: Време е за пензија

МЕДВЕДЕВ ДО ШОЛЦ И МАКРОН: Време е за пензија

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев вели дека изборите во Европскиот Парламент(ЕП), на кои опозициските партии убедливо ги победија актуелните власти на Франција и Германија го покажаа неуспехот на политиките на германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон. Како што вели Медведев, нив им е време да заминат на ѓубриштето на историјата.

Според него, изборите за ЕП ја разоткриле „неспособната, идиотска економска и имиграциска политика на Шолц и Макрон кои ги поддржуваат националистичките власти во Украина по цена на животите на сопствените граѓани“.

„Причекајте и видете што ќе се случува. Време е за пензија“, порача Медведев.

Во Германија конзервативниот сојуз ЦДУ-ЦСУ освои најголем број гласови на изборите за ЕП со освоени 29,5 отсто од гласовите, а десничарската партија Алтернатива за Германија заврши на второто место со 16,5 отсто, што е за 5,5 отсто повеќе од 2019 година. СПД на канцеларот Шолц го зазема третото место со 14 отсто, што е историски минимум.

Во Франција, политиката на Макрон претрпе крах, а тој тоа го призна со распуштање на собранието и распишување вонредни парламентарни избори.

Лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен ја поздрави одлуката на претседателот Макрон за одржување нови парламентарни избори во таа земја, откако неговата партија Преродба доживеа пораз на изборите за Европскиот парламент.

„Подготвени сме да ја преземеме власта доколку Французите ни дадат доверба на претстојните национални избори“, рече Ле Пен, пренесе Ројтерс.

Според Политико, Русија дефинитивно внимателно ги следела резултатите од изборите во ЕУ.

Слично

Поврзани вести