Медведев: Ако Русија не победи во Украина, ќе биде распарчена
Aко Русија не победи во Украина, таа ќе се распадне, вели екс рускиот претседател Дмитри Медведев.
Заменик-шефот на рускиот Совет за национална безбедност призна дека ова сценарио е можно.
„Ако Русија ја заврши специјалната воена операција без победа, тогаш Русија ќе престане да постои, ќе биде распарчена“, напиша Медведев.
Медведев ги нападна САД дека предизвикале многу војни ширум светот, за „мегаломанија“.
Претседателот на САД, Џо Бајден вчера одржа говор во полскиот главен град Варшава по повод првата годишнина од војната. Лани на 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина.
Русија ги повика државите на ОН да гласаат против „неурамнотежениот и антируски“ потег на Украина и другите на Генералното собрание по повод една година од инвазијата на Москва. Путин вчера имаше говор и за војната во Украина го обвини Западот.
