Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медлин Олбрајт станува муслиманка поради Трамп

Медлин Олбрајт станува муслиманка поради Трамп

Поранешниот американски државен секретар, демократката Медлин Олбрајт изјави дека ќе го прифати исламот во знак на протест против имиграциската политика, воведена од претседателот Доналд Трамп, пренесе ТАСС.

Во Twitter Олбрајт напиша: „Воспитана бев како католик, потоа преминав во епископална црква, потоа открив дека еврејската вера е моето семејство. Сега сум подготвена да го прифатам исламот поради солидарност. Добредојдовте, бегалци".

Таа додаде дека Америка мора да остане слободна за луѓето од каква и да е вера и потекло.

Вчера Трамп потпиша декрети за затегнување на имиграциските мерки и граничната контрола. Трамп освен тоа има намера да ја прекине за 120 дена програмата за прием на бегалци во САД и да го прекине за најмалку 30 дена издавањето на визи на граѓани од седум земји со мнозинско муслиманско население - Ирак, Иран, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан.

Слично

Поврзани вести