Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медиуми: Во НАТО предложиле да се изрази подготвеност за употреба на ЕвроПРО против Русија

Медиуми: Во НАТО предложиле да се изрази подготвеност за употреба на ЕвроПРО против Русија

Балтичките земји и Полска предлагаат на Алијансата во  нацртот на завршниот документ на претстојниот септемвриски самит во Велс да ја утврди можноста за искористување на ЕвропПРО против Русија, пренесува РИА „Новости“.

Според мислењето на представниците на тие земји, состојбата околу Украина може да создаде закана за нивната безбедност. Според информациите на германски „Шпигел“, САД ја поддржуваат идејата во документите да се утврди формулацијата во врска со користењето на ПРО.

Германскиот весник истакнува дека повеќето членки на Алијансата, помеѓу останатото и сама Германија, се изјаснила против таквите формулација и планови бидејќи сметаат дека Москва не треба да се провоцира без потреба.

Извор: Руска реч

Слично

Поврзани вести