Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медински тврди дека за 75 проценти од содржината на нацрт мировниот договор се ускладиле, но Киев молчи

Медински тврди дека за 75 проценти од содржината на нацрт мировниот договор се ускладиле, но Киев молчи

Руската страна тврди дека во преговорите со Украина имале напредок, голем дел од работите се договорени, но тука застанале. 

Помошникот на рускиот претседател и шеф на руската делегација на разговорите со украинската страна, Владимир Медински вели дека Украина и Русија во април оваа година се усогласиле во поглед на 75 проценти од содржината на нацрт мировниот договор. Тој додал дека руската и украинската делегација разменуваат телефонски повици, но дека Киев не сака да ги продолжи разговорите.

„Долго водевме интензивни разговори со украинската страна за условите на посткризното решение. Овие преговори се завршени на 15-ти април, кога на украинската страна и го предадовме нацрт договорот“, рекол Медински, пренесува "ТАСС".

Преговорите почнаа на  28-ми февруари оваа година. Средби имаше во Белорусија и во Турција. 

Украина стравува дека Западот ќе понуди нова верзија на Минскиот договор кој претходно го потпишале. 

Советникот на претседателот на Украина,  Олексеј Арестович стравува дека западните политичари од Германија, Франција и Италија ќе се обидат да склучат уште еден мировен договор како што е Минск II за време на нивната посета на Киев.

Слично

Поврзани вести